Мицкоски објаснува како да се реши проблемот со парното во Скопје

пред 3 години

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави предлог како да се надмине кризата со парното греење во Скопје.

Според него, проблемот се состои во тоа што ТЕ-ТО произведува топлина кога произведува струја бидејќи како што вели, со конгрегација е поисплатливо.

„Да бидам попрецизен, ТЕ-ТО си склучил договор за jануари да продава пик профил од понеделник до петок, а во петок навeчер до понеделник наутро не работи бидејќи нема економска исплатливост да произведува само топлина за БЕГ“, објаснува Мицкоски.

Понатаму, тој посочува дека е можен излез од ваквата ситуација.

„Распишете веднаш тендер ЕЛЕМ (ЕСМ продажба) за набавка на струја (и така ви недостасува, па крадете наоколу) во периодите од денот кога ТЕ-ТО не работи со флексибилност од 0 до 200MW, намалете со трошење на увозен и скап јаглен и намалете со трошење на хидроакомулациите. Штедете, ќе ви треба, ќе биде долга и напорна (енергетски) година. Така ќе имаат скопјани топли радијатори, ЕЛЕМ (ЕСМ) ќе штеди ресурс и ќе има струја (која нема скапо МЕПСО да ја плаќа како крадената од околните држави)“, им порачува Мицкоски на надлежните.

Share
Scroll to Top