Мицкоски: Оваа влада ќе замине и тоа треба да се случи на избори, кои ќе се случат час поскоро

пред 3 години

Некои очекуваат на вака мафијашка реакција од страна на власта да следи таква реакција и од другата страна, но ние тоа нема да го направиме. Нема да се спуштиме на нивно ниво, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Драчево, општина Кисела Вода.

„Тие го деградираа и Собранието и институцијата пратеник. Напротив ние ќе работиме само за граѓаните. Ќе го реализираме ветеното, а нашата крајна цел е промена на оваа криминална влада предводена од СДСМ и ДУИ и формирање на влада која ќе работи за граѓаните, влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и така ќе делува, ако мислите дека ќе правиме опструкции на Буџет од кој пензионерите земаат пензии, други земаат плата. Имаме повеќе од 22 амнадмани и очекуваме да бидат профатени од оваа власт во заминување. Тоа се амандмани за народот. Треба да ги поддржат затоа што се за народот кој сака подобар живот“, рече Мицкоски.

„Владата сигурно ќе замине, и тоа треба да се случи на избори кои ќе се случат час поскоро“, укажа тој.

„Апелирам да се соземат и да разберат дека се поразени и да има избори и да дојде народна влада. Вистинска прогресивна влада. Сега имаме состојба 60 пратеници на опозиција, 59 на власта и еден кој не знам каде е“, рече Мицкоски.

Според него во услови на криза треба лидерска средба, но за што би се разговарало сега на таква средба.

„За мене од овој пратеник што читаше од лист со бела позадина, поголем срам е што пратениците се бојкотираа сами себе. Не сум слушнал за тоа, замислете каква дрскост не им дозволија да бидат дел од процедурата, парламентот. Тие се избрани од народот и треба да работат за народот“, заклучи Мицкоски.

Share
Scroll to Top