Мицкоски: Остануваме посветени на заштитата на националните интереси и идентитет

Мицкоски: Остануваме посветени на заштитата на националните интереси и идентитет

пред 1 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон. Тој говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ.

– На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди, објави Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, ќе има обраќање и на годишната Конференција за конзервативна политичка акција.

 

Текстот Мицкоски: Остануваме посветени на заштитата на националните интереси и идентитет е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top