Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

пред 5 часа

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од функциите петтемина челнови на Судскиот совет за кои Собранието изгласа интерпелации. Тој денес при посетата на Општина Ѓорче Петров даде пошироко објаснување на изјавата дека ќе им се случи народ на членовите на Судскиот совет доколку не дадат оставки.

„Јас сум постојано со народот и го слушам народот како реагира. Јас само сакам да кажам дека доколку не постапат соодветно на одлуката на тие кои што ги бираат тоа се парламентарците се плашам дека може да им се случи народ. Да се самоорганизира и да протестира затоа што народот е желен за правда. Ние излеговме на избори, освоивме пола милион гласови нас ни беше важни и голем дел од нашата програма беше правдата. Правда за сите. Не само за поединци туку правда за сите. И во име на тоа имам чувство дека доколку дојде до ваква ескалација и излезе народ да протестира дека тој може да биде многуброен и нормално поддржан лично од мене. Јас само сакав тоа да го кажам, ако се служат со трикови и водат инает дека може да се самоорганизира народ и да им се случи народ. Тоа не мислам дека е преседан и не вршам упад во судската власт“, вели премиерот Мицкоски.

Нагласи дека било негова должност да предупреди на последиците од однесувањето на членовите на Судскиот совет.

Пред три дена пратениците изгласаа интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет кои ги назначува Собранието, Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Сеилм Адеми оти имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството. Интерпелациите за нив не се обврзувачки, па премиерот Мицскоки кој до пред собраниската седница кажуваше дека очекува да бидат доблесни и да си дадат оставки од функциите, од синоќа најавува можни протести.

Текстот Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top