„По одлуката да ги внесе Бугарите во Уставот, Христијан Мицкоски сега сфати дека мора да го апси и Никола Груевски за да си ја обезбеди власта. Со исполнувањето на овие две услови: внесување на Бугарите во Уставот и апсењето на Груевски – Мицкоски сака да си создаде подобра слика пред Европа и да се претстави како ‘човек кој е за ЕУ’“, велат од СДСМ.
„Се разбира, тоа е само маска. Целта е да ја продолжи својата власт и да си обезбеди уште време за непречена кражба. Мицкоски ги исчисти сите потпретседатели во партијата, чувајќи ја фотелјата за Груевски.
Сè уште не му ги заврши поништувањата на судските процеси, а сега гледа можност од позицијата на „чувар на фотелјата“ да ја преземе целосната власт во партијата.
Веќе не му е ниту Николоски пречка, против него води кампања цело време. Мицкоски не го апси Груевски затоа што сака правда. Тој сака го апси за да ја обезбеди својата власт и да ја продолжи кражбата.
Граѓаните кои сè уште му веруват треба да знаат: Мицкоски не е нивен заштитник. Тој е човекот кој е подготвен да го жртвува и Груевски за да ја задржи фотелјата.
Најголемиот предавник во Македонија е Мицкоски. Ги предаде своите гласачи ветувајќи укинување на Преспанскиот Договор, враќање на името, сега ќе го жртвува својот политички татко Груевски и на крај ќе ги внесе Бугарите во Уставот.
Мицкоски и оваа криминална група работат по примерот на најголемиот пропагандист на дваесеттиот век Гебелс, кој рекол: „Обвини го противникот за она што самиот го правиш.“
Ова служи за да се создаде конфузија, да се збуни јавноста и да се префрли вината пред да се открие вистинската намера.
Вториот дел од учењето на Гебелс, кој Мицкоски го спроведува преку Орбановите медиуми, е ширење дезинформации и страшна поделба на граѓаните предизвикана од омраза преку медиумска пропаганда.
Целта на пропагандата што ја водат не е само да се верува во лагата, туку да се уништи способноста на луѓето да ја разликуваат вистината. Доаѓа времето на вистината!“, соопшти СДСМ.
Текстот „Мицкоски сака да го апси Груевски“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.




