Претседателот на владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија, соопштија владините служби.
Во рамки на посетата, Мицкоски ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер на која ќе се разговара продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот.
После средбата, премиерот и австрискиот канцелар ќе се обратат на бизнис форум пред претставници на стопанските здруженија на двете држави на кои ќе се реафирмира одличната економска соработка и ќе се претстават можности за нови инвестиции и продлабочување на соработката меѓу австриските и македонските компании.
Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.
Текстот Мицкоски со владина делегација во Австрија: во фокусот продлабочување на билатералната соработка и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот е превземен од МАКФАКС.





