Мицкоски: Целосно расветлување за „Мафија“ ќе има

пред 3 години

Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата „Мафија“ се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР, зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага, одговорот на сето ова следи во видеото каде Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома, посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на социјалните мрежи.

Според него целосно расветлување на случајот ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа, како што ја нарекува, мафијашка влада.

Share
Scroll to Top