Мијалков излезе од притвор, вели дека нема да бега

пред 2 години

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, предмалку излезе од истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој од вечерва е на слобода откако Апелација денеска му го укина притворот кој пред една недела му беше одреден за случајот „Плацеви на Водно“.

„Не бегам бе, зошто да бегам“, беше единствениот краток коментар на ексдиректорот на УБК по излегувањето од притвор.

Тој десетина минути седеше во дворот на затворот, додека неговото обезбедување ги преземаше неговите лични работи.

Потоа, како на ниту еден друг затвореник, автомобилот му беше паркиран пред портата на затворот „Скопје“ и тој влезе директно во задниот дел.

Тој не одговори дали ќе остане во Скопје по неговото излегување од затворот. Не прокоментира ниту како ги убедил судиите да го пуштат на слобода.

Одлуката на судиите значи дека тие сметаат дека Мијалков нема да избега ако биде на слобода.

Share
Scroll to Top