МКЦ објави повик за овогодишната ликовна програма

пред 2 години

Младинскиот културен центар распиша повик за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности, како дел од програмските активности на МКЦ за оваа година.

На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи/колективи, уметнички и културни организации и институции. Аплицирањето се врши преку онлајн апликација на следниов линк: https://mkc.mk/vesti/mkc-povik-likovna-programa-2022/

Повикот е отворен најдоцна до 1 март.

МКЦ го задржува правото, по претходна согласност и договор со апликантот, да предложи промена на посакуваниот простор и/или термин за реализација.

Share
Scroll to Top