МНР ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија

пред 3 години

Министерството за надворешни работи ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија. Од таму велат дека објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство.

„Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме“, се наведува во соопштението од МНР.

Од МНР очекуваат официјалните претставници на Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија.

Предизборниот спот на партијата ВМРО-БНД на поранешниот бугарски минитер за одбрана, Красимир Каракачанов, содржи кадри од Охрид сугерирајќи дека партијата ќе ја брани „бугарштината“ дури до Охрид.

Share
Scroll to Top