Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина.
Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија.
Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин.