МНР: Продолжуваат напорите за извлекување на нашите државјани од Украина

пред 2 години

„Поради бројните појавени прашања за состојбите во и околу Украина, со посебен фокус кон состојбата на нашите државјани, информираме дека Министерството за надворешни работи одблиску ја следи состојбата и ги вложува сите напори за да им излезе во пресрет на нашите државјани кои имаат побарано асистенција за нивна евакуација“, стои во соопштението од ресорното министерство.

„Министерството за надворешни работи навремено информираше за влошувањето на безбедносната состојба со постојани апели за напуштање на Украина додека тоа беше сѐ уште изводливо, нешто што над 20 наши државјани го искористија. Воедно, информираме дека во моментот продолжуваат напорите за извлекување на нашите државјани од Украина. Во директен контакт сме практично со сите пријателски земји и сојузници, и во моментов тоа е врвен приоритет на Министерството“, пишува во писмениот допис.

Се додава дека во Украина состојбите стануваат сѐ посложени, но информациите во моментот говорат дека ниту еден наш државјанин не е повреден, ниту се наоѓа под директна закана за својот живот.

Информациите, како што информираат од МНР, се менуваат од час во час, и истите во овој момент ниту од безбедносен, ниту од практична причина не можат да бидат споделени. „Очекуваме поцелосна информација со завршување на денот, и истите потоа ќе бидат објавени“, се вели во напишаното.

Share
Scroll to Top