МОН: Платформата е целосно бесплатна, 80 отсто од учениците успешно ја следат наставата

пред 4 години

Министерството за образование и наука ги демантира тврдењата на Сојузот на средношколци дека онлајн-платформата чини 15,5 милиони евра. „МОН како што и претходно веќе информираше ја известува јавноста дека онлајн платформата е целосно бесплатна и е производ на заедничка и посветена работа на претставници од ФИНКИ, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука и за нејзиното создавање не е потрошен ниту еден денар“, велат од МОН. Оттука додаваат дека платформата е функционална и од почетокот на годината, па досега над 80 проценти од учениците од средните и основните училишта успешно ја следат наставата и се задоволни од понудениот модел. „Останатите околу 20 отсто немаат проблеми со платформата, туку со интернет конекција или немање уреди, за што МОН е во постојана координација со градоначалниците и директорите на училиштата и тековно се решаваат овие предизвици“, велат од Министерството.

Share
Scroll to Top