Министерството за труд и социјална политика соопшти дека утрово започна најавениот штрајк во јавните предучилишни установи за деца- детски градинки.
Од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, како што наведува министерството, штрајкот на дел од вработените се одвива во 54, а во 21 Јавна установа вработените воопшто не се приклучиле кон штрајкот организиран од СОНК.
„ Само во една односно во ЈОУДГ „Детска Радост“, Гази Баба, Скопје, воопшто во текот на денот не се згрижуваа деца, а во ЈОУДГ „Пролет“ Карпош, се згрижуваа деца само во еден објект. Во сите останати предучилишни установи и покрај одржување на штрајкот на вработените во градинките, непречено се одвива згрижувањето и воспитанието на децата.
Целокупната состојба на терен потврдува дека установите и вработените го почитуваат Законот за заштита на децата и ја обавуваат дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и при остварувањето на правото на штрајк обезбедуваат непречено одвивање на дејноста“ велат од МТСП.