Мултимедијална кампања за Меѓународен ден на лица со попреченост

пред 4 години

ЦИУЕ Театар Пи, Скопје во соработка со ЦПЛИП- Порака Скопје на 3 декември на меѓународниот ден на лицата со попреченост започнува со мултимедијална кампања со наслов „Прозорците што се смеат“.

Фокусот на проектот е да се развие разбирање за потешкотиите со кои ранливите групи се соочуваат кога се обидуваат да го изразат својот глас во општество. Кај нив, во изминатиов период како и кај сите граѓани е намалена комуникацијата, социјализацијата, самостојноста во извршување на сите активности. Со тоа лицата со попреченост може да станат поранливи. Ваквата состојба предизвикува и лицата со попреченост да станат поранливи, да се јави чувство на осаменост, која носи и други последици. ЦИУЕ Театар Пи изминатиов период заедно со лицата со попреченост подготвија изложба на уметнички инсталации, онлајн музички концерт и онлајн документарен филм.

Во текот на целата 2020 година лицата со интелектуална попреченост од дневниот центар Порака по нивни идеи и видувања на конкретната ситуација во која живееме, изработуваа цртежи и фотографии на големи дрвени прозорци кои ќе бидат изложени на отворено на плоштадот Филип Втори до црквата Св.Димитрија. Изложбата се отвара од 15:00 часот на Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 декември, 2020 година и ќе трае до 10 јануари 2021 година.

Вториот настан е концерт кој ќе биде онлајн емитуван на 18 декември во 19:00 часот
на фејсбук страницата на Театар Пи https://www.facebook.com/theatre.center.pi .

Третиот настан е документарен филм со наслов „Прозорците што се смеат“кој е поделен на два дела и ќе се емитува на 18 декември во 19:00 часот на фејсбук страницата на
Театар Пи https://www.facebook.com/theatre.center.pi .

Првиот дел од документарцот е сниман пред пандемијата во кој тие го покажуваат својот светоглед. Актерите низ различни сцени ги покажуваат своите таленти и можности и прават јасна динстинција помеѓу стереотипите кои се создадени кон нив и кои се во суштина тие како индивидуалци со сите свои можности. Вториот дел од филмот е сниман за време на пандемија во кој актерите имаат можност за изразување на нивните потреби и причини да креираат и така да го изминат овој период на изолација, да најдат своја форма и начин да се себеизјават и да ги идентификуваат своите проблеми и јасно да ги изговорат.

Проектот е поддржан од Град Скопје и Делагацијата на Европската Унија, Скопје.

Share
Scroll to Top