Муцунски-Кајзер: разменети мислења за актуелните регионални и глобални безбедносни прашања

Муцунски-Кајзер: разменети мислења за актуелните регионални и глобални безбедносни прашања

пред 3 часа

Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тоне Кајзер, прва по неговото назначување на оваа функција.

На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји. Соговорниците се согласија дека во периодот што следи ќе се работи на внесување нова динамика и натамошно унапредување на билатералните односи, потврдувајќи ја заедничката определба за продлабочување на соработката, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Посебно внимание беше посветено на процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија, реформските процеси и потребата од кредибилен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес. Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на Владата за спроведување на реформите и изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка што Република Словенија ѝ ја дава на нашата држава на европскиот пат.

Во разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и глобални безбедносни прашања, како и за натамошното унапредување на соработката во рамките на НАТО.

Текстот Муцунски-Кајзер: разменети мислења за актуелните регионални и глобални безбедносни прашања е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top