Муцунски на средби со министерката за европски и меѓународни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, и со министерката за Европа, Клаудија Бауер

Муцунски на средби со министерката за европски и меѓународни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, и со министерката за Европа, Клаудија Бауер

пред 2 часа

Како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која престојува во работна посета на Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе оствари поединечни средби со министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, како и со министерката за Европа, Клаудија Бауер.

На средбите се очекува да се направи осврт на евроинтеграцискиот пат на државата, постигнатиот напредок, како и да се разгледаат можностите за натамошно продлабочување на билатералните односи и македонско-австриската соработка.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува и на бизнис форум со претставници на стопанските здруженија на двете држави, на кој ќе се реафирмира одличната економска соработка и ќе се презентираат можности за нови инвестиции и продлабочување на соработката меѓу македонските и австриските компании.

Текстот Муцунски на средби со министерката за европски и меѓународни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, и со министерката за Европа, Клаудија Бауер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top