Над 70 отсто обработени гласови во Град Скопје – Данела Арсовска во водство

пред 3 години

Според 73,14 отсто обработени избирачки места во Град Скопје, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, е во водство пред актуелниот градоначалник, Петре Шилегов од СДСМ.

Првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија покажуваат дека Арсовска има освоено 60.319 гласови, Шилегов 57.007 гласови.

Трет е Перо Георгиевски од Левица со 13.729 гласови, а четврт Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ со 6.379 гласови.

Share
Scroll to Top