Наместо да седи во изолација, неготинчанец уплаќал ливче во спортска обложувалница

пред 3 години

Кривична пријава доби 19-годишен неготинец, кој вршел уплата во спортска обложувачница иако требало да седи дома оти му била одредена домашна изолација поради коронавирусот.

Од полицијата информираат дека кривичната пријава е поднесена поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„На 1.12.2020, по одредената изолација во домашни услови, Ѓ. П. во спортска обложувачница во Неготино извршил уплата со физичко присуство“, информираат од МВР.

Share
Scroll to Top