Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 28 до 33 Целзиусови степени. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 30 до 37 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Текстот Наутро сончево со мала облачност, попладне локален пороен дожд е превземен од МАКФАКС.






