Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 14. состанок на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 14. состанок на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната

пред 4 часа

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, учествуваше на 14. состанок на началниците на Генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative), кој се одржа во Тирана, Република Албанија. На состанокот, покрај началниците на Генералштабовите на земјите учеснички, присуствуваа и високи воени претставници на НАТО и Европската Унија, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР.

Состанокот беше посветен на актуелните безбедносни предизвици, продлабочувањето на регионалната одбранбена соработка, унапредувањето на интероперабилноста и зајакнувањето на заедничките одбранбени капацитети.

Во воведното обраќање, генералот Лафчиски ја истакна важноста на зајакнувањето на одбранбената соработка, интероперабилноста и регионалната безбедност, нагласувајќи дека иницијативата DECI и италијанскиот концепт ITA-FNC создаваат значајни можности за продлабочување на партнерството, развој на одбранбените способности, обуката и оперативната подготвеност во рамки на НАТО и Европската Унија, во интерес на стабилноста и безбедноста на регионот. Во продолжение на состанокот, генералот Лафчиски се обрати на панел-дискусиите посветени на регионалната безбедност и стабилност, воената соработка, како и улогата и вклученоста на DECI во меѓународните организации. Преку своите излагања, тој ги сподели согледувањата за значењето на регионалното партнерство, заедничкиот пристап кон безбедносните предизвици и унапредувањето на одбранбената соработка. Притоа, ја нагласи важноста на координираните активности, меѓусебната доверба и заедничкиот придонес на земјите учеснички кон регионалната стабилност и колективната безбедност. На состанокот беа разгледани и насоките за понатамошно унапредување на соработката и реализација на идните активности во рамки на иницијативата DECI, со цел продлабочување на партнерството и заеднички придонес во справувањето со современите безбедносни предизвици.

Учеството на началникот на Генералштабот на Армијата на овој состанок ја потврдува активната улога на Армијата во регионалните иницијативи и посветеноста на нашата држава кон развојот на партнерските односи, зајакнувањето на одбранбените способности и колективната безбедност.

Иницијативата DECI, на која се приклучивме во 2023 година, е формирана во 2012 година под покровителство на Италија, претставува регионален механизам за одбранбена соработка меѓу земјите од Јадранскиот и Балканскиот регион, насочен кон развој на партнерството, размена на искуства и унапредување на заедничките одбранбени капацитети.

Текстот Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 14. состанок на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top