Најголем е притисокот во Тетово, каде се хоспитализирани 110 луѓе

пред 3 години

Во земјава се хоспитализирани околу 700 пациенти пациенти со Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека најголем е притисокот во Тетово, каде се хоспитализирани околу 110 лица, а околу 90 се хоспитализирани во Гостивар. Повеќе од 35 хоспитализирани пациенти има во Струга, 40 во Кичево.

Според Филипче, засега функционирањето на здравствениот систем не е доведен во прашање и дека може да се справи со нов наплив на пациенти.

Во однос на тоа од кои причини на лицата кои ја прележале болеста и имаат антитела, не им е дозволен влез во молови и угостителски објекти 45 дена по прележувањето, Филипче одговори:

„Тоа што сакаме да постигнеме со нашата мерка, дури и по прележувањето на болеста, луѓето што порано да се стекнат со подолготраен имунитет. Не секој пациент реагира еднакво, не секој развива еднакво антитела. Затоа, со оваа мерка, сакаме да постигнеме две работи – граѓаните да развијат подолготраен имунитет, а здравствениот систем да се заштити од следни бранови“, изјави Филипче.

Share
Scroll to Top