Најмногу снег во Маврово, сообраќајот се одвива во зимски услови

пред 3 години

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Укинати се забраните за сообраќај на камиони на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Пресека крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка и патниот правец Струга Г.П. Ќафасан.

Според информациите во 16 часот најмногу снег имало во Маврови Анови (41 сантиметри), Ѓуриште (38), Пожаране (32), Попова Шапка (30), Лазарополе (26), Тополчани (23), Претор (16), Битола (14), Тетово (8), Берово (8), Прилеп (7) и Штип (6).

Share
Scroll to Top