На ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е до 15 минути, додека на ГП Табановце за излез времето на чекање е околу 1 час, на останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Според последните информации од таму, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.