На ГП Табановце за излез се чека околу 30 минути

пред 3 години

На граничниот премин Табановце за излез од државата има чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ соопштија дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ден 20.08.2021 (Петок) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 ч. – 14:30 ч. во времетраење од 15 – 20 минути, информира АМСМ.

Share
Scroll to Top