На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

пред 11 месеци

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки.

Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.

„Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ“, велат од партијата

На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата а за функциите, како што велат од СДСМ, ќе се бираат најкомпетентни личности.

Текстот На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top