На работа во Тетово не оделе 244 административци, општината оштетена за 7 милиони, обвини ВМРО-ДПМНЕ

пред 2 години

За време на владеењето на Теута Арифи од ДУИ како градоначалничка во Тетово, 244 лица не оделе на работа, а биле исплаќани од буџетот на општината, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека со тоа, општина Тетово била оштетена за 7 милиони.

„Криминалната коалиција ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони. Толку изнесува штетата причинета не одењето на работа на 244 лица, кои биле исплаќани од буџетот на општината, иако не сработиле ништо. 7 милиони наместо за подобрување на хигиената во градот, нови водоводни и канализациони инсталации завршиле кај луѓе од списокот на Теута Арифи, ДУИ и СДСМ. Одговорност не треба да има само кај лицата кои не оделе на работа, туку пред се кај Теута Арифи, како одговорна во институцијата, која го оштетила буџетот на општината. Примерот од Тетово е пример како функционирала коалицијата ДУИ – СДСМ долг период наназад. Која се темели на криминал и злоупотреби. ДУИ и СДСМ го ограбуваат граѓаните од сите националности. Тие се сложни во криминалот на штета на народот и државата“, наведе ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Share
Scroll to Top