Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

На свечена церемонија, утре Пендаровски ќе и’ ја предаде функцијата на Силјановска-Давкова

пред 3 години

Во Кабинетот на претседателот, утре – 12 мај ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.

По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски предвидено е да остварат тет-а-тет средба.

Државната изборна комисија денеска и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. ДИК ќе треба да достави извештајот до Собранието за да биде закажана седница за утрешната инаугурација на Силјановска Давкова. Потоа таа пред пратениците ќе треба да даде свечена изјава по која ќе почне нејзиниот мандат.

Мандатот на Пендаровски истекува утре.

Текстот На свечена церемонија, утре Пендаровски ќе и’ ја предаде функцијата на Силјановска-Давкова е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top