На Табановце се чека околу еден час, на ГП Богородица од 15 до 30 минути

пред 2 години

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од АМСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија на ГП Табановце е околу еден час, за излез од Македонија на ГП Богородица околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share
Scroll to Top