„На чија сметка крстари Пецаков, градоначалникот на Охрид“, прашува СДСМ

„На чија сметка крстари Пецаков, градоначалникот на Охрид“, прашува СДСМ

пред 3 години

„Градоначалниците на ДПМНЕ за 2 години имаат нула резултати, но куп скандали. Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ“, вели СДСМ.

„Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на Општина Охрид, но и други лица од неговиот кабинет. Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?

Молчи ДПМНЕ, молчи Мицкоски. Молкот значи одобрување од страна на Мицкоски.

Уште еднаш се потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија што 11 години исто вака скандалозно се однесуваше“, соопшти СДСМ.

Текстот „На чија сметка крстари Пецаков, градоначалникот на Охрид“, прашува СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top