Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град се движи кон Скопје

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град се движи кон Скопје

пред 5 дена

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица се движи кон Скопје и Куманово, предупреди попладнево УХМР.

Правецот на движење, според соопштеното е од северозапад кон југоисток.

Дел од жителите во Скопје според објавеното на социјалните мрежи информираат за силен ветер кој носи се пред себе.

Во повеќе населби има пороен дожд и силни налети на ветер, кои носат и покриви од станбени комплекси а на одредени локации е прекината и електричната енергија.

Попладнево и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека Град Скопје е подготвен да се справи со невремето.

Текстот Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град се движи кон Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top