„Ние сме никнале по војна“ напиша Дардишта од ДУИ, Ахмети рече дека изјавата не е во интерес на партијата

пред 3 години

Се’ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за миг ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна, напиша на „Фејсбук“, Шкодране Дардишта од ДУИ, членка на Одбророт на директори на Македонски Телеком, која до лани беше на раководна позиција во заедничките служби на Клиничкиот центар.

Таа во објавата додаде и: „Не си играјте со оган, оти самите ќе изгорите во него“.

Објавата наиде на реакции во текот на денот, а последна е онаа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој се огради со коментар дека таквите изјави не се во интерес на партијата.

„ДУИ во својата кауза ја има слободата, а таквите изјави не се во интерес на партијата и каузата“, рече Ахмети пред средбата на партиското раководство во Тетово.

Share
Scroll to Top