Николовски во Охрид: СДСМ води на сите анкети зашто граѓаните го препознаваат нашиот чесен пристап

пред 3 години

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на изборната конференција на СДСМ Охрид, по која општинската организација доби нов претседател и ново раководство, истакна дека е горд што сите функционери на СДСМ се секојдневно на терен, на маалски средби со граѓаните.

„Охрид веќе има потврден кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и анкетите на јавното мислење покажуваат дека сме фаворити и овде во Охрид и низ многу општини, затоа што со силното присуство на терен, со проектите што ги реализиравме, граѓаните прават разлика меѓу нашата понуда и блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ“, порача Николовски.

Генералниот секретар истакна дека градоначалникот Константин Георгиевски, кого партијата ќе го поддржи и за втор мандат, во својот досегашен покажал што значи вистинска грижа за Охрид.

„Последна потврда за тоа е и одлуката на Комитетот на УНЕСКО, Охрид да не биде впишан во листата на светско наследство во опасност, што е признание за нашата посветеност да го зачуваме и унапредиме квалитетот на живот во овој регион“, потенцираше Николовски и нагласи дека СДСМ е убедлив фаворит на локалните избори во Охрид.

Share
Scroll to Top