Николоски: Владата се покажа како неспособна и треба да ја прифати нашата експертска помош

пред 3 години

Во услови кога Македонија е во континуирана политичка криза веќе пет години, во услови кога оваа влада го одржува мнозинството со само 1 до 2 пратеници плус во Собранието, во четвртокот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ излезе со предлог решение за излез од политичката и економска криза, изјави денеска за медиумите, потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ВМРО-ДПМНЕ понуди четири тима во четирите најгорливи области, а тоа е секако економијата, надворешните работи и евроинтеграциит, поточно односите со Бугарија, здравството и образованието. Овие четири тима со луѓе кои се високо политички профилирани во ВМРО-ДПМНЕ, но и се експерти во своите области се спремни да помогнат на Владата, а со тоа и на граѓаните, а исто така паралелно да се договори соодветен датум за предвремени парламентарни избори“, објасни Николоски.

Тој истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ се разочарани што премиерот Димитар Ковачевски на самиот почеток ја одбил ваквата идеја, но додаде и дека понудата за лидердска средба и натаму е отворена.

„Неговата Влада се покажа неспособна, како Влада којашто не знае да решава проблеми, како Влада којашто ја продолжува корупцијата на Зоран Заев и како Влада којашто дополнително економски ја тоне Македонија.

Мислам дека добро треба да размислат, да ја прифатат оваа идеја на ВМРО-ДПМНЕ.

Сè различно од ова значи само голо останување на власт и сè различно од ова значи продолжување на криминалот, затоа што во најава има неколку големи тендери, повторно во четири очи во РЕК Битола, како што се случуваше минатата година“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ според кого јасно е дека излезот од кризата е во предвремени избори.

Share
Scroll to Top