Николоски на автопатот пред ГП Богородица: Го рехабилтираме автопатот од Гевгелија до границата со Грција и за брзо време ќе имаме модерен влез во државата

Николоски на автопатот пред ГП Богородица: Го рехабилтираме автопатот од Гевгелија до границата со Грција и за брзо време ќе имаме модерен влез во државата

пред 46 минути

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот.

„Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата“, изјави Николоски.

Текстот Николоски на автопатот пред ГП Богородица: Го рехабилтираме автопатот од Гевгелија до границата со Грција и за брзо време ќе имаме модерен влез во државата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top