Николоски: Омилената фирма на власта, Марковски, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Николоски: Омилената фирма на власта, Марковски, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

пред 5 месеци

Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта, Марковски компани, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола, изјави на прес-конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Од опозициската партија велат дека договорот во суштина е рамковна спогодба за ангажирање на 10 булдожери гасеничари од „Марковски Компани“ кои треба да бидат ангажирани во РЕК Битола во период од 18 месеци за 16.253 денари по час.

„16.253 денари по час или вкупната вредност на оваа рамковна спогодба е 9 милиони и 200 илјади евра кои Марковски Компани треба да ги добие за ангажирање на само 10 булдожери гасеничари во рамките на РЕК Битола. Овој договор кој го презентирам и кој кажав дека чини неверојатни 16.253 денари по час, значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра“, рече Николоски.

Тој праша: колку нови булдожери може да се купат со договор од 9.2 милиони евра и тие да бидат во сопственост на државата, а не на омилената приватна компанија; дали можеби можат да се купат 15 или 20 булдожери кои ќе бидат во сопственост на државата, а не во сопственост на Марковски Компани; кој поединец, кој граѓанин заработува по 16.253 денари за работа за само еден час или 6.300 евра дневно?; кој заработува 6.300 евра дневно или 253 евра по час за сопствената работа, дали има втор случај во Македонија или во регионот или во Европа со вакви цени.

Од партијата велат дека ваков договор треба да е предмет на опсервација и на проверка од обвинителството и сите надлежни институции.

Текстот Николоски: Омилената фирма на власта, Марковски, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top