„Во изминативе четири години ниту еднаш лично не сум искористил средства од ЈП Водовод и канализација – Скопје за кафе, кафеани и ресторански услуги. Само за споредба во 2016 година кога на чело на претпријатието е кадар на ВМРО-ДПМНЕ за спонзорства и донации се потрошени 19.170.983 денари, а во 2021 година се потрошени 2.235.170 денари, средства кои се искористени за потребите на синдикатот на претпријатието со што се изврши реновирање на одмаралиштето во Претор кое го користат вработените на ЈП Водовод и канализација – Скопје“, вели Весковски.
Додава дека никогаш во изминативе четири години не користел службен мобилен апарат и не трошел средства на претпријатието за набавка на скапи мобилни телефони.
„Согласно извештајот за работењето на претпријатието за период од 01.01.2021 заклучно со 31.09.2021 година ЈП Водовод и канализација – Скопје има остварено добивка во висина од 59.033.858 денари. Како во изминативе три години така и оваа година извршена е ревизија за работата на претпријатието од страна на независна надворешна ревизорска куќа која нема забелешки за работата на претпријатието. Ваквите паушални и манипулативни толкувања на извештајот за работата на претпријатието од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и портпаролот Наум Стоилковски се дадени како резулат на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие“, подвлекува Весковски.
Вели дека во ниту еден случај нема да дозволи најтранспарентното јавно претпријатие во државата и тој лично да бидат предмет на дневно политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ.