Нови клупи, корпи за отпадоци, летниковци: Град Скопје ги уредува парковите во Скопје

Нови клупи, корпи за отпадоци, летниковци: Град Скопје ги уредува парковите во Скопје

пред 7 часа

Продолжуваат активностите за уредување и подобрување на јавните зелени површини во Скопје, информираат од Град Скопје.

Во рамки на тековните активности, започнато е уредувањето на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во општина Карпош.

„Во паркот се поставува нова урбана опрема, вклучувајќи клупи и корпи за отпадоци, а се врши и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. Целта е да се подобрат условите за престој, рекреација и одмор на посетителите, како и да се зачува уредениот изглед на овој значаен зелен простор“.

Од Град Скопје истакнуваат дека парковите претставуваат важен дел од урбаното живеење и се места каде што граѓаните поминуваат квалитетно време со своите семејства и пријатели, додека повозрасните наоѓаат мир и релаксација во природна средина.

Воедно, се нагласува дека надлежните служби редовно работат на одржување на зелените површини кои се под надлежност на Град Скопје, со цел тие да бидат чисти, безбедни и функционални за сите посетители.

Паралелно со овие активности, упатен е и апел до граѓаните за одговорно користење и зачувување на парковите и јавните површини, со што заеднички ќе се придонесе кон почист, поуреден и позелен град.

Како дел од програмските определби, предвидена е и изградба на нови паркови и дополнителни зелени површини низ градот, со што Скопје ќе добие повеќе простор за живот, рекреација и одмор за сегашните и идните генерации.

Текстот Нови клупи, корпи за отпадоци, летниковци: Град Скопје ги уредува парковите во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top