Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

пред 4 години

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија.

Според податоците на веб-страницата emsc-csem.org потресот се случил во 18 и 38 часот по локално време, односно 19 и 38 часот по македонско време.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 26 километри од градот Лариса.

Вчера Грција ја погоди земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, при што беа повредени 11 лица и беа оштетени стотици згради.

Неколку помали земјотреси биле почувствувани синоќа, а најсилниот бил со јачина од 5,2 степени.

Share
Scroll to Top