Нов член во семејството на СОС Детско село

пред 2 години

Секој поддржувач на работата на СОС Детско село има големо значење и важност, како комапниите така и индивидуалците.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Затоа сакаме да оддадеме почит и признание на новите стратешки партнери со кои ќе креираме многу кампањи. Нашиот нов член во семејството стратешки партнери на СОС Детско село е компаниајта ПУЦКО ПЕТРОЛ која ни се приклучи во период кој е многу возбудлив за сите млади а тоа е период на полуматури и матури. Период во кој се сумира едно поглавје во животот на младите и се трасира пат за ново поглавје во кое ќе се креира и нивната иднина и ќе се развиваат аспирациите за еден професионален живот.

Многу е важно кога во еден ваков важен период во животот ќе добиете нови поддржувачи кои на уникатен начин ги започнаа активностите со младите во СОС Детско село.

Компанијата Пуцко Петрол овозможи за сите матуранти и полуматуранти од СОС Детско село ваучери кои се наменети за купување на гардероба за матурската и полуматурската прослава на нашите млади. За да сите детали бидат опфатени и младите да уживаат во овој период компанијата овозможи и за девојките шминка и фризура за нивната матурска прослава.

Статешкото партнерство со ПУЦКО ПЕТРОЛ го градиме врз темелите: Топол дом и грижа за секое дете и со следните активности кои ќе ги организираме со партнерот ќе ставиме акцент кон поддршка на капацитетите и можностите на младите кои се згрижени“, велат од СОС Детско село изразувајќи благодарност до ПУЦКО ПЕТРОЛ за покажаната исклучителна сензибилност за поддршка и развој на капацитетите на младите поддржани од СОС Детско село.

 

 

 

(ПР текст)

Share
Scroll to Top