Обвинение за недозволено поседување автоматска пушка

пред 4 години

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за неовластено производство, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Во близина на кафе-бар во негова сопственост, на влезот од селото Буковиќ, обвинетиот 23-годишник држел автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм од бугарско производство, која претставува верзија на руската автоматска пушка АК-47 Калашников. Ова оружје им е забрането на граѓаните и за него не може да се добие дозвола за поседување. Заедно со автоматската пушка биле пронајдени и две рамки без куршуми.

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор. ​

Share
Scroll to Top