Обвинение за разбојник кој ограбувал аптеки во Скопје

пред 4 години

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за разбојнички кражби во аптеки во Скопје.

Обвинетиот 38-годишен скопјанец, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената ѝ се заканил со нож, барајќи да му ги даде парите од дневниот промет. Потоа се упатил кај касата, украл 4.430 денари и побегнал.

На 14 септември, пак, на истиот начин, украл 16.150 денари од аптека на булеварот „Св. Климент Охридски“. Потоа се обидел да го украде и мобилниот телефон на вработената, која се спротивставила и го турнала.

Обвинетиот дел од парите од дневниот промет ги извадил од металната каса на аптеката, а дел од картонска кутија во магацинскиот дел на аптеката, а потоа избегал.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото кое му се става на товар​.

Share
Scroll to Top