Обвинение против велешанец за производство и дистрибуција на детска порнографија

пред 5 години

Велешкото Основно јавно обвинителство до Основниот суд во Велес поднесе обвинение против лице на возраст од 22 години за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

На обвинетиот му се става на товар дека во месец јануари 2021 година, преку сопствениот мобилен телефон, набавил и поседувал видео снимки со детска порнографија.

Користејќи ја мобилната апликација „Телеграм“ инсталирана на мобилниот телефон, со сопствен кориснички профил, се приклучил во групата Јавна соба со намера да прегледува фотографии и снимки со експлицитна содржина.

На телефонот презел повеќе фотографии и видео снимки со експлицитна содржина, меѓу кои и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу жена и дете на возраст под 10 години, како и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу деца – момче и девојче на возраст под 18 години.

Таквите видео снимки ги зачувал во својот мобилен телефон што е утврдено од извршената форензичка анализа на телефонот.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог да продолжат мекрите на претпазливост кои му биле веќе определени на обвинетиот во текот на истражната постапка.​​

Share
Scroll to Top