Обвинителе дали ќе мрднете, не ви е јасно што се случува во Злокуќани?, праша Јакимовски и кажа дека оди во втор круг

Обвинителе дали ќе мрднете, не ви е јасно што се случува во Злокуќани?, праша Јакимовски и кажа дека оди во втор круг

пред 3 недели

Досеганиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој на  овие избори бара петти мандат од граѓаните, вечерва кажа дека влегува во втор круг по 40 отсто избројани гласови. Повика Обвинителството да ги расчисти сомневањата за изборен поткуп во Злокуќани.

„Имавме достоинствени избори во нашата општина. Во глобала ова беше фер и демократски ден и голем чин за граѓаните на општина Карпош. Освен во населеното место Злокуќани каде што мислам дека по овој прв круг посериозно треба да се познимава Обвинителството затоа што имаше предизборен поткуп. Влегуваме во втор круг. На 40 % избројани гласови кандидатот на владејачката партија води со 266 гласови, значи тоа е пата-пата ситуација. Јасно е изразена волјата на граѓаните на Карпош, опозиционите гласови се скоро двојно во однос на владејачката ВМРО-ДПМНЕ овде во Карпош“, рече Јакимовски.

Им се заблагодари на противкандидатите за фер и демократски кампањи без омаловажување на противкандидатите и ги повика да го поддржат во вториот круг кога очекува уште пожестока кампања од владејачката партија.

„Не можеш од ВМРО-ДПМНЕ да очекуваш коректна кампања. Вие видовте дека не само што вчера делеа брашно, синојка и во раните утрински часови имаше изборен поткуп со пари, а за жал тоа го знае и полицијата. Еве јавно го прашувам обвинителот – обвинителе мислите да мрднете? Не ви е јасно што се случува во Злокуќани или треба ние да ве потсетуваме? Сметам дека е крајно нечесно кон граѓаните на општина Карпош на ваков начин да се влијае на изборите затоа што таквите работи сметаме дека се некое минато пред 33 години. Граѓаните на Карпош заслужуваат жестоко санкционирање на овие што вршат поткуп на гласачи кои се во социјален ризик или кои се зависни од една фирма, сите знаеме која е таа и што таа прави во Злокуќани. На други места немам забелешки. Од ВМРО-ДОМНЕ не очекувам фер кампања, Дури очекувам да бидат пожестоки во вториот круг,, но ние сме подготвени, не може да очекуваме од нив ништо добро. Се е во рок на службата“, рече Јакимовски.

На советничките листи очекува поголем успех отколку на кинатите избори и смета дека ниту една партија нема да освои доволно гласови за да биде мнозинство во Советот.

Текстот Обвинителе дали ќе мрднете, не ви е јасно што се случува во Злокуќани?, праша Јакимовски и кажа дека оди во втор круг е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top