Обвинителството бара притвор за Мијалков

пред 2 години

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бара притвор за Сашо Мијалков по денешната одлука на Апелацискиот суд-Скопје со која беше прифатена жалбата на Сашо Мијалков и е преиначено решението за притвор и тој е ослободен со гаранција од 11 милиони евра.

„По денешната одлука на Апелацискиот суд Скопје со која беше прифатена жалбата на Сашо Мијалков и е преиначено решението за притвор, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување на мерката притвор за Сашо Мијалков, обвинет за помагање при кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик во предметот познат во јавноста како „Плацевите на Водно“, стои во соопштението од оваа институција.

Имено, како што велат од таму, обвинителот цени дека и покрај дадената гаранција и определените мерки за обезбедување, се уште постои опасност од бегство и во таа насока го достави Предлогот за притвор.​

Share
Scroll to Top