Обвинителството одлучува дали ќе побара притвор за возачот кој ја прегази 24-годишната радовишанка

пред 2 години

Полицијата поднесе кривична пријава против 22-годишниот возач кој вчеравечер ја прегази младата Викторија М. на пешачки премин, по што таа почина, дознава „Макфакс“.

Според неофицијални извори, возачот Ј.Ѓ. кој управувал со џипот „циторен Ц4“ е пренесен во скопското Обвинителство. Таму ќе биде извршен уште еден распит од надлежниот обвинител, кој и вчера правеше увид во несреќата.

Обвинителот има две можности, до вечерва кога ќе истечат 24 часа, да го пушти возачот на слобода или од Кривичен суд да бара одредување на мерка притвор.

Обвинителството засега молчи, не открива дали се исполнети законските основи за ваква мерка, но и како ќе биде постапено.

Во меѓувреме, второто повредено лице, кое било момче на 24-годишната радовишанка е пуштено на домашно лекување. Тој имал набиеници на карлицата, соопшти директорот на болницата каде беше прегледан.

Се наоѓа во тешка психичка состојба, видно потресен поради вчерашната трагедија. Во Радовиш, сограѓаните на загинатата Викторија се шокирани од настанот. Со неверување ја примиле веста за нејзината смрт.

Обвинителството ги побара и снимките од надзорните камери, кои се околу пет на крстосницата. Тие ќе помогнат да се утврди, што точно се случило вчера по 19 часот. Телото на Викторија е дадено на обдукција, по што ќе биде предадено на семејството.

Кај возачот кој ја усмрти, направено е вештачење на примероци од урина и крв, за да се увиди дали возел во алкохолизирана состојба или под дејство на дрога.

Share
Scroll to Top