Обвинителството отвори предмет за тепачката во центарот на Струмица

пред 3 години

По објавите на социјалните мрежи и во медиумите, струмичкото Основното јавно обвинителство, вчера, по допрен глас, оформило предмет за инцидентот во центарот на Струмица, кaде што повеќе лица беа учесници во тепачка.

Како што информираат од надлежното Обвинителство, издадени се насоки и наредби до надлежните органи за доставување податоци и утврдување на идентитетот на лицата што биле учесници во инцидентот.

Од таму додаваат дека во континуитет преземаат дејства во насока на расчистување на случајот.​

Share
Scroll to Top