Обвинителство ги утврдува причините за пожарот во ковид – болницата во Тетово

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Тетово врши увид во модуларната ковид – болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува.

Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство.

„Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар.“, соопштија од Јавното обвинителство.

Според досегашните информации, во пожарот загинаа најмалку десет лица.

Share
Scroll to Top