Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи.
На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. На југозападот ќе дува засилен западен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, краткотрајно и со пороен интензитет и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.