Облачно со дожд и снег на повисоките места

пред 2 години

Денеска ќе биде облачно и уште од изутрина со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег.

Пообилни врнежи (понекаде до 20 л/24ч) ќе има во западните делови. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.

До утре снежната покривка на планините значително ќе се зголеми особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд кои во повисоките делови од попладне повремено ќе преминуваат во снег. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Share
Scroll to Top